Пребарувај по датум:
2016-05-02

Волшебно Велигденско дрво

Во рамките на проектот за поддршка и социјализација на деца и младинци со посебни потреби поддржан од а.д. Комерцијална банка, Црвен крст на град Скопје 7 година по ред реализира различни актвности за лицата од дневниот центар за церебрална парализа Капиштец.

Оваа година, во пресрет на празникот Велигден, во соработка со Ramstore Mall, Комерцијална банка и ЈУ Центар за социјална работа се организираше Волшебно велигденско дрво за 43 деца и младинци. Тие ги запишаа своите желби , а хуманите граѓани и општествено одговорни компании се токму оние кои ги исполнија истите.

Членовите од мото клубот Потфат МЦ самоиницијативно се вклучија во активноста и купија подароци за 17 лица. Децата од III-2одделение од ОУ “11 Октомври” организираа креативна работилница и со собраните средства сите заедно купија подарок за едно дете. Рамстор Малл обзбеди неколку подароци и ја организираа изведбата на претставата Турли тава наменета токму за децата.Секако благодарност и до сите поединци кои се вклучија во оваа акција. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.