Волшебно велигденско дрво
Црвен крст на град Скопје во соработка со Рамстор мол и оваа година го организираат настанот Волшебно велигденско дрво за корисниците од дневниот центар за лица со посебни потреби Капиштец. Тие заедно со волонтерите од Црвен крст ги запишаа желбите кои се закачени на дрвото кое е поставено на влезот на трговскиот Рамстор мол. Сите хумани граѓани и општестено одговорни компании имаат можност да одберат некој од лампионите во форма на јајце и да допринесат за среќата на овие лица. Активноста е во рамките на проектот за поддршка и социјализација на деца и младинци со посебни потреби поддржан од а.д Комерцијална банка, каде Црвен крст на град Скопје 9 година по ред реализира различни активности со цел олеснување на животот и потребите на овие лица и нивна полесна интеграција во општеството.
Доделувањето на подароците ќе биде на 4 април во 11:00 часот во просториите на ТЦ Рамстор.