Пребарувај по датум:
2015-12-29

Волшебната елка ги исполни желбите на 70 дечиња без родителска грижа

Водени од идејата дека секој човек, а посебно дете треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall ,  ЈУ  Меѓуопштински центар за социјална работа поддржани од а.д. Комерцијална банка и оваа годинаорганизираа Новогодишен настан за децата сместени во згрижувачки семејства.

На 04.12.2015г. децата ги запишаа своите новогодишни желби и заедно со волонтерите на Црвениот крст на град Скопје ги закачија на големата елка поставена во Ramstore Mall, а сите хумани граѓани кои ја посетија Волшебната елка, избраа лампион и остварија желба придонесоа за среќата на некое од нив.

Доделувањето беше на 30.12.2015 година (среда) во Ramstore Mall со почеток во 11:00 часот, во присуство на Министерката за труд и социјална политика, претставници на Црвен крст, волонтери, сите донатори, поддржувачи на активноста, граѓани кои помогнаа желбите да станат реалност.

Кловнот Лили ја разубави атмосферата а Дедо мраз лично им ги подаруваше подароците на децата. Ова практика продолжува и во иднина.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.