Пребарувај по датум:
2019-12-30

„Волшебната елка“ ги исполни сите 105 желби

„Волшебнатa елка на желби“ ja инициравме пред 11 години, водени од идејата дека секој човек, особено дете, треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници. Во реализација на оваа идеја ни помогнаа Рамстор Mall , Јавната Установа Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје , со несебична поддршка на а.д. Комерцијална банка во рамки на проектот за Социјализација на деца и млади со посебни потреби и деца без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.

Оваа година, нашиот предновогодишен настан го организиравме за 105 деца без родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства. На 02.12.во просториите на ТЦ Рамстор децата ги запишаа нивните новогодишни желби и ги закачија на големата елка поставена во просториите на Центарот. Во периодот од 02-29.12., ги поттикнувавме сите хумани граѓани, компании, организации и институции да ја посетат нашата Волшебна новогодишна елка, да изберат некој од „лампионите“ на кои се запишани желбите, и  да помогнат во остварување на искрените детски желби. На 30 декември, детските желби станаа реалност и во пресрет на новата година децата ги добија посакуваните подароци во просториите на ТЦ Рамстор.

Посебно би сакале да се заблагодариме на придонесот во остварување на детските желби на:

  • Децата од второ два одделение, заедно со нивните другарчиња од прво еден, четврто два и петто два одделение од основното училиште „11 Октомври“ – Центар
  • Мат стар
  • вработените во Прокредит банка
  • Вработени лица во бугарската амбасада
  • Синлаб
  • Компанијата Why creative
  • Компанијата А1 Македонија
  • Децата од „Дајте музика“ кои донесоа подароци од Алкалоид и Витаминка

Детска градинка „Мини фини буџетчиња“

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.