Пребарувај по датум:
2015-01-07

Волшебна елка на желби

Во рамките на проектот поддржан од Комерцијална банка Црвен крст на град Скопје во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и Рамстор

Организираа новогодишна елка на желби за децата сместени во згрижувачки семејства.Тие ги запишаа своите новогодишни желби , а хуманите граѓани беа оние кои ги исполнија истите.  Волонтерите во текот на целиот месец беа покрај големата елка и ги собираа подароците кои се оставаа за нив.

На 30.12.2014 во Рамстор заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов им се  поделија подароците и новогодишни пакетчиња кои за нив ги донираше фондација Т Мобиле за Македонија. Самиот настан беше посебен, магичен. Со неизмерна радост и прекрасни детски насмевки ја заокруживме 2014 година.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.