Пребарувај по датум:
2012-01-08

Волшебна елка на желби 3

Новогодишната елка на желби ги исполни сите 79 детски желби на децата без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.

Откако желбите беа поставени на елката во ТЦ Рамстор, волонтерите на клубот на млади на ЦК на град Скопје беа дежурни покрај елката и се погрижија да се остварат сите детски барања.
Доделувањето на подароците беше на 30. 12.2011 год., повторно во просториите на ТЦ Рамстор, каде беше присутен Министерот за труд и социјална политика г. Спиро Ристовски, Генералниот секретар на ЦК на РМ, претставници од центарот за социјална работа и дел од донаторите и граѓани кои со лични донации се вклучија во исполнувањето на детските соништа.
За доброто расположение се погрижија малите ѕвездички од Супер ѕвезда кои донираа и ДВД изданија за дечињата, Геопром донираше мултивитамински сирупи, а ЦК на град Скопје обезбеди и пакетчиња за секое дете.
Се надеваме дека со оваа традиционална активност внесуваме радост кај секое дете во пресрет на Новата година , период кога најмладите веруваат во остварување на нивните детски желби и соништа.
Активноста е поддржана и од а.д. Комерцијална банка, во рамките на проектот за социјализација на деца и млади со посебни потреби.
Огромна благодарност и до ТЦ Рамстор, наши партнери и поддржувачи на активноста.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.