Волшебна елка на желби
Волшебна елка на желби
На 05.12.2016г. децата од зрижувачки семејства ги запишаа своите новогодишни желби и заедно со волонтерите на Црвениот крст на град Скопје ги закачија на големата елка поставена во Ramstore Mall.
Желбите беа разновидни – чевли, играчки, наочари за скијање, санка, убава облека. Сите тие беа искрени и посакани од срце. Изминативе денови многу хумани граѓани ја посетија Волшебната елка, избраа лампион и остварија желба.
Благодарност до вработените од ИОМ Македонија, Mоve one, Мото клуб Потфат МЦ, ФБ групата Coffee and friends, Учениците од ОУ 11 Октомври IV 2 одделение, нивните наставнички и родителите, Делта проект, градежна компанија Голден арт, брашно Кадино и ТЦ Рамстор мол и Комерцијална банка а.д. Скопје и Меѓуопштински центар за социјални работи.
Ова година беа доделени и 17 подароци за децата од Сирија и Ирак кои се сместени во прифатниот центар Табановце.
Сумеа доби санка, Кристијан количка, Ајше точак, Влатко копачки….се беше исполнето благодарение на хуманисти од нашиот град, од нашата земја
{gallery}stories/pocetna-img/elka-zelbi{/gallery}