Пребарувај по датум:
2016-12-22

Волшебна елка на жеби

Водени од идејата дека секој човек,а посебно дете треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа поддржани од а.д. Комерцијална банка по осми пат организира Новогодишен настан за децата без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.

На 05.12.2015г. тие ги запишаа своите новогодишни желби и заедно со волонтерите на Црвениот крст на град Скопје ги закачија на големата елка поставена во Ramstore Mall, а сите хумани граѓани можат да ја посетат Волшебната елка, да изберат лампион и да придонесат за среќата на некое од децата.

Во Ramsore Mall секој ден во период од 17.00 до 19.00 ќе бидат волонтери на Црвен крст кои ќе ги примаат подароците кои вие ќе ге купите или пак барајте ја Ана од Црвен крст на град Скопје на телефон 070/267-754 за цела координација и дополнителни информации.

Доделувањето на подароците ќе биде на 28.12.2015 година во Ramstore Mall со почеток во 11:00 часот.

Вашата поддршка ни е потребна.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.