Волонтерите на ЦКГС чекор поблискуво разбирањето на потребите на лицата со оштетен вид
Во рамките на активностите на проектот В.И.П.(V.I.P. – Visually Impaired People), посветен на лицата со оштетен вид, волонтерите на Црвениот крст на град Скопје добија обука за потребите на лицата со оштетен вид.
Во соработка со училиштето за лица со оштетен вид волонтерите имаа можност да научат повеќе за начинот на кој лицата со оштетен вид пишуваат, дидактичките средства кои ги употребуваат, видовите на оштетување на видот кои се можни кај човекот итн.
Оваа обука ги подготви волонтерите понатаму да продолжат со активности кои ќе бидат посветени на лицата со ошететен вид ,а кои можат исто така да го дадат својот допринос во заедницата и да станат дел од организацијата на Црвениот крст како успешни влонтери.
Обуката траеше два часа и ја оддржа дефектолог Александра Калемџиевска од училиштето за лица со оштетен вид која изрази задоволство и отвореност за сите понатамошни актинвости кои волонтерите ќе ги организираат со учениците со оштетен вид.