“Водич за користење на социјални медиуми”
На 01 октомври во Оперативниот центар на ЦКРСМ, се одржа обука поврзана со публикуваниот прирачник “Водич за користење на социјални медиуми” за волонтери и професионалци кои работат со волонтерите во Црвен крст на град Скопје. Автор на водичот е Александра Ристовски од Црвен крст на град Скопје која е одговорна за информирање во организацијата. Истиот е многу практичен и лесен за употреба. Дава насоки за правилно споделување и пишување на информации како и правилно фотографирање и позиционирање на амблемот на Црвен крст. Во рамките на водичот е развиен и постер со 12 правила за подобар имиџ на организацијата.
На обуката присуствуваа 12 учесници од 5-те Општински организација на ЦК во Скопје и претставници од ЦК на град Скопје.
По обуката и дистрибуцијата на материјалите, секој тим има обврска да направи дисеминација на младите волонтери во клубовите за тоа како треба да се однесуваат на социјалните медиуми, под знамето на Црвениот крст. Активноста е реализирана во рамките на проектот поддржан од страна на Фондот за развој на ЦКРСМ.