Пребарувај по датум:
2016-12-22

Во склоп на крводарителската акција по повод 13 Ноември

Во склоп на крводарителската акција по повод 13 Ноември, доделени се признанија за најуспешни крводарители, фирми/компании, образовни институции и сл. кои дале најголем придонес во промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје за 2015 година.

– Велковски Љупчо (ООЦК Кисела Вода) Крводарител со најголем број евидентирани крводарувања
– Љубинко Ристов (ООЦК Карпош) Мотиватор на полето крводарителство и унапредување на крводарителството
– ЈСП Скопје (ООЦК Гази Баба) Работна организација со постигнати најдобри резултати на полето крводарување
– СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ (ООЦК Центар) Образовна институција со постигнати најдобри резултати на полето крводарување
– Мирела Шкријељ (ООЦК Чаир) Најуспешен млад крводарител со најмногу евидентирани крводарувања до 25 годишна возраст
– Зориќ Мирјана (ООЦК Чаир) Крводарителка со најмногу евидентирани крводарувања
– Виолета Савеска (Клуб на крводарители) за придонес во унапредување на крводарителството во град Скопје

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.