Во пресрет на 8-Ми Март
Во пресрет на 8-ми Март , Меѓународниот ден на жената, Црвениот крст на град Скопје со поддршка на волонтерите во организацијата ќе посети неколку институции и за припадничките на женскиот пол ќе донира подароци.
Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје , традиционално ја продолжува соработката со здружението „Животна искра„, во насока на поддршка кон жените оперирани од канцер кои се наоѓаат на лекување на Клинички центар.
За околу 100 пациентки на Онкологија , волонтерите на 8-ми Март подарија пригодни подароци обезбедени како донација од а.д. ЕВРОПА- Скопје, а во активноста се приклучија и ученици од Американски училишта НОВА кои подарија рачно изработени честитки.
Посетата е во знак на поддршка во нивната борба против канцерот, но и со порака до јавноста за подигнување на свеста кај сите возрасни групи за подигање на свеста за превенција и навремено дијагностицирање на ова заболување.
Младите од клубот, во рамките на Националната ЦКА ПХВ програма , реализираа посета на Домот за стари лица Мајка Тереза – Злокуќани и за сите 60 жени кои престојуваат во домот подарија честитки изработени од учениците од ОУ Круме Кепески и младите од клубот, а се донираа и мултивитамински препарати обезбедени преку Синерџи- Скопје.
Во знак на внимание по повод празникот 8-ми Март, Црвениот крст на град Скопје донираше подароци за 55 жени кои се на издржување на затворска казна во КПД Идризово.