Во посета на мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје кои работат во ТЦ Табановце
Во посета на мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје кои работат во ТЦ Табановце минатата недела беа ученици од Средното економско правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен“ во придбружба на шест партнер-училишта од разни држави со кои работат на проект насловен „Нов живот – нова надеж“, а во рамките на програмата Еразмус+ .
Со посетата и одржување на разни предавања на Црвен крст на град Скопје пред учениците од СЕПУ “Васил Антевски – Дрен” се работи на подигнување на свеста кај учениците и целокупната јавност за прифаќање и согледување на проблемот со мигрантите и мигрантската криза што ја зафати Европа и РС Македонија, па така шеесте ученици во посетата во кампот имаа шанса одблизу да видат како работи Црвениот крст и како изгледа секојдневието во прифатно транзитниот центар Табановце.