Пребарувај по датум:
2012-10-14

Вежба на Тимовите за одговор при катастрофи при Црвен крст на град Скопје и Француска Амбасада

Црвен крст на град Скопје уште една покажа нa терен дека поседува капацитети и подготвеност да одговори на евентуална природна катастрофа на терен.

Тоа го докажа на 29.09.2012 год., на терен ,за време на симулативна вежба во соработка со Француската Амбасада во Скопје каде се симулираше земјотрес со срушени мостови.
Повредените од настанатиот земјотрес се собраа од 4 локации на територија на град Скопје и се пренесуваа преку реката Вардар од едниот на другиот брег до прифатниот центар каде беа згрижени повредените.
Капацитетите и професионалноста на 3-те Тима на Црвен крст на град Скопје- Тимот за Одговор при Катастрофи (ТОК), Центарот за Безбедност на Вода (ЦБВ) и Тимот за Спасување на Планина (ТСП) се покажаа како успешни со добра меѓусебна координација.
Секој тим ги превзема своите задачи и обврски и целата вежба помина во најдобар ред.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.