Пребарувај по датум:
2014-01-19

Василичарска забава

На ден 14.01.2014 г. Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје традиционално за Василица  го посети дневниот центар за лица со церебрална парализа- Капиштец.

Волонтерите заедно со децата поминаа едно убаво попладне проследено со многу музика и насмевки. Токму за оваа пригода во центарот дојде и кловнот Лили која ги анимираше децата , им ги црташе лицата и за нив изработуваше разни фигури од балони. Посетата позитивно влијаеше и беше одлична можност за промена на секојдневието , а клубот на млади и понатаму ќе дава свој допринос за активно вклучување во социјалната инклузија на овие лица.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.