2021-03-16
Успешно завршена хуманитарна акција за донација на облека во соработка со “Академија за моден дизајн”
На иницијатива на професорот Никола Ефтимов од Академија за моден дизајн започнавме соработка , односно хуманитарна акција за донација на облека која започна во јануари каде што во рамки на соработката, во просториите на Школата за дизајн и уметност #Џолев и Уметностите беа поставени две кутии за донации на облека. Собраните донации се донирани во Копче, каде што понатаму се грижиме да ги распределиме донациите онаму каде што е најпотребно.
Задоволство е да се помага, а уште поголемо е задоволството кога го правиме заеднички и со поддршката на наши хумани соработници.
Благодариме на поддршката Џолев и Уметностите