Успешно завршена акцијата „Разбудете се хумани 2“
Во периодот од 15 октомври до 15 ноември во организација на Црвен Крст на град Скопје и Дормео се реализираше голема хуманитарна акција „Разбудете се хумани 2“ чија цел е подобрување на животните услови на ранливата категорија на луѓе преку собирање на користени душеци и нивно донирање во иституции кои се грижат за нив.
Црвен Крст ги првеземаше донираните душеци од домовите на донаторите, а Дормео, на сите хумани граѓани, им овозможи попусти за купување на Дормео производи и убави Дормео подароци.
Во текот на акцијата беа собрани вкупно 214 душеци кои беа донирани во следните институции: Геронтолошки завод 13 Ноември, Дневен центар за лица со пречки во развојот Неготино, Завод за рехабилитација на деца и младинци -Топанско полое, Психијатриска болница Демир Хисар, Специјален завод за лица со пречки во развојот Демир Капија и Казнено поправен дом Идризово.