Пребарувај по датум:
2011-06-12

Успешно заокружување на уште еден циклус на ЦКА-ПХВ

ЦКА-ПХВ програмата и овој Мај заокружи уште еден неверојатно успешен циклус.

Овој пат со две програми: првата имплементирана на национално ниво по сите ООЦК, и втората на ниво на територијата на град Скопје и во сите основни училишта во Општина Центар.
Со завршувањето на месецот Мај и заокружувањето на двете програми во овој циклус зад себе оставаме дури три Финални ЦКА-ПХВ работилници, неверојатни 145 мали проекти за добробит на заедницата и преку 1420 младинци вклучени во овој циклус.
Во текот на овие рекордни три финални работилници вкупно 132 млади ентузијасти пратени од своите 20 дисеминатори и 10 одговорни наставници, имаа ретка можност да поминат три дена запознавајки се и дружејки се заедно, притоа учејки за културата како систем од вредности, за комуникацијата и комуникациските техники, тимот и тимската работа, анализирајки ги вкупно пристигнатите 145 мали проекти, евалуирајки го циклусот кој полека изминува, и се разбира, поминувајки и споделувајки незаборавни мигови заедно.
Со тимска работа, работејќи во групи тие имаа можност да учат за својата кулура и културата на другите заедно со ученици кои не доаѓаат од иста верска и национална припадност.
Со здружени сили тие направија евалуација на своето знаење на креативен начин, и сите овие заеднички мигови како и единственоста на атмосверата на самите работилници верно ја доловија и сублимираа во филмовите, брошурите, флаерите и драмите кои сите заедно со здружени сили ги изработија на секоја од овие работилници.
Можеме да кажеме дека и оваа година нашите драги млади хумани ентузијасти навистина се надминаа себе си и заслужуваат секаква пофалба.
Се надеваме дека учеството во ЦКА-ПХВ циклусот сите нив само ќе ги поттикне и понатаму да продолжат со своите хумани потези.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.