2023-12-04
Успешно релизирана „Недела на грижа за стари лица”
Како и секоја година така и оваа традиционално Црвен крст на град Скопје со низа активности ја одбележа „Неделата на грижа за стари лица” преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови”
Во рамките на неделата на грижа за стари лица се реализираа следниве активности:
- Посета и заедничко дружење со штитениците од Специјална болница за геријатриска и палијативна нега „13 Ноември” – „Мајка Тереза”;
- Фризерски и козметички услуги во дневните центри за стари лица во соработка со СУГС „Димитар Валхов” – вклуно 100 корисници;
- Информативни пункотви и бесплатно мерење на крвен притисок, гликемија и сатурација на три локации пред Зелен пазар, пазар Буњаковец и ТЦ Бисер релизирани од медицинскиот тим од проектот – вкупно ја посетиле активност 235 лица во трето доба;
- Централен настан во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин” хуманитарна изложба „Сеќавања од минатото” – 200 корисници;
- Информативни работилници за правата на старите лица од социјална и здравствена заштита и мерење на гликемија во крвта со поддршка на UNFPA – 76 корисници;
- Хуманитарен базар во Веро Џамбо, продажба на ракотворби изработени од корисниците од дневните центри за стари лица. Собраните средства се наменети за хуманитарни цели -50 корисници;
Во рамките на неделата на грижа за стари лица беа вклучени повеќе од 1000 лица во трето доба. Целта на овие активности е промовирање на активно и здраво стареење, унапредување на квалитетен на живот, здравје и психофизичка состојба кај лицата во трето доба.