Пребарувај по датум:
2024-11-25

Успешно реализирана Недела на грижа за старите лица

Црвен крст на град Скопје од 18-24 ноември ја одбележа Неделата на грижа за старите лица. Истата се организираше преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење”. Во рамките на неделата на грижа за стари лица се организираа повеќе активности и тоа: информативни пунктови – мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје: автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и плоштад Сарај, фризерски и козметички услуги во дневните центри за стари лица во ДХО Даре Џамбаз, ООЦК Чаир и Сарај во соработка со средното училиште СУГС „Димитар Влахов” и Малена козметикс, хуманитарен есенски базар во Веро Центар, посета и заедничко дружење со штитениците од Дом за стари лица „Мајка Тереза”, посета и предавање во Здружение на пензионери Карпош, посета на дневниот престој за стари лица во Чаир од страна на корисниците од Дневен престој за стари лица за активно стареење во Турново – Општинска организација Црвен крст – Струмица. 

Целта на овие активности е да се промовира здравото и активности стареење, да се унапреди квалитетот на живот, здравје и психофизичка состојба кај лицата во трето доба. Преку овие активносто допревем до околу 3.000 лица во трето доба.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.