Пребарувај по датум:
2010-04-26

УШТЕ ЕДНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

По повод Денот на планетата Земја, Градот Скопје организираше масовна манифестација во Градскиот парк

И оваа  манифестација ја обезбедуваа  два тима со две возила од Црвениот крст на Град Скопје. Нашите тимови беа препознатливи со униформите и обележаните возила. За време на манифестацијата имаше една интервенција, едно девојче од учесниците згазнала на стакло и на ногата направила длабока посекотина со големо крварење. Нашите дечки брзо, стручно И крајно сериозно ја збринија повредата.

Во акцијата учествуваа Д-р. Јован Крстевски, д-р. Бундевска и дечките од тимовите за одговор при катастрофи на Карпош и Кисела Вода.

На почетокот на манифестацијата Градоначалникот на Град Скопје додели и признанија на учесницита на манифестацијата. Признание за придонес кон зачувувањето на животната средина, по повод Денот на планетата Земја доби и Црвениот крст на град Скопје.

Црвен крст на град Скопје

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.