Учество на делагат од Црвен крст на град Скопје на Меѓународна конференција за интегрирана грижа
Во периодот од 1-3 Април, претставник од Црвен крст на град Скопје беше дел од 19-тата Меѓународна конференција за интегрирана грижа, која се одржа во Сан Себастијан, Шпанија.
Над 1300 делегати од цел свет беа дел од настанот на кој беа споделени искуства и практики од системите за интегрирана грижа. Беа споделени информации од истражувања кои се корисни и за креаторите на политики за интегрирана грижа, но и за истражувачи и имплементатори на активности.
Истовремено, беше реализирана и студиска посета на Центарот за социјална и здравствена грижа во Баскија, кој е сервис на Црвениот крст во Баскија, каде што постојат 3 оддели во кои се сместуваат : лица на кои им е потребна палијативна нега, лица со нарушено однесување, лица со тешки и лесни ментални попречености.