Пребарувај по датум:
2019-09-16

Твоето незнаење чини живот” Светски ден на Првата помош

Твоето незнаење чини живот” Светски ден на Првата помош

Екипите на Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на територија на градот Скопје во соработка со МВР-СВР Скопје, на 13 септември,  на 4 локации ги сопираа возачите и од нив бараа да демонстрираат прва помош. Граѓаните кои беа дел од овој настан добија информации за бесплатните курсеви во Црвениот крст преку кои можат да ги освежат своите знаеања во рамките на кампањата “Твеоето незнаење чини живот”.

Екипите на Црвен крст Кисела вода и Центар беа пред Бисер, Црвен крст Карпош пред City Mall а Црвен крст Гази баба и Чаир пред Универзитетот “Св. Кирил и Методи”.

Исто така, Мобилните тимови на Лојане во соработка со локалното население од с.Лојане организираа показна вежба преку која се демонстираше важноста од познавањето на Првата помош.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.