Пребарувај по датум:
2023-01-26

Твининг програма со Телемарк Црвен крст

Од 21 до 25 јануари во посета ни беа нашите пријатели од Црвен крст Теламарк, Норвешка. Делегацијата беше составена од 8 члена од кои 7 волонтери и еден стручен соработник. Најголем дел од волонтерите се од одделот млади заради подготовките за престојниот камп за млади кој треба да биде организиран во Струга во летниот период. Посетата беше искористена за промовирање на активностите и формите преку кои дејствуваме како што се Центарот за Прва помош, Копче, програмата Итно копче, Дневниот центар за стари лица, Црвен крст Карпош-програмата „Хуманко“, Дневниот центар „Пролет“, Нега центар и многу други. Имаа можност да ја посетат и крводарителската акција која секоја година се организира во чест на Тоше Проески. На свеченото собрание на Црвен крст на град Скопје од нивна страна беше промовирана Програмата за збратимување, која веќе неколку години ја работиме заднички.

2023 година воедно е и последна година за ваквиот начин на соработка, но секако остануваме отворени за нови можности, нови искуства и професионални достигнувања.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.