Твининг програма со Осло
Во периодот од 23 до 28 јуни, шестчлена делегација од Црвен крст на Осло престојуваше во официјална посета на Црвен крст на град Скопје. Истата се реализираше како резултат на потпишување на договор за соработка помеѓу Црвен крст на Северна Македонија и Црвен крст на Норвешка.
Секој месец се реализираат онлајн состаноци со твининг координаторите од двете страни. Во согласнот со идентификувани полиња на соработка, гостите имаа можност да го посетат центарот за Прва Помош, Нега Центарот, да се запознаат со програмата Итно копче и транспорт, да имаат средба со младите и да го видат Гејминг центарот, да го посетат Центарот за крводарителство, Центарот за ментално здравје, Спасителната станица на Водно, да имаат презентација за миграции и да го видат Пунктот за бездомници како и посета на Националното друштво Претходно, имаа онлајн презентација за ПХВ програмата. Беше организирана и презентација на која тие имаа можност да ги презентираат своите активностит пред 25 професионалци и волонтери од Црвен крст на град Скопје и од 5-те ООЦК во Скопје.
Последниот ден беше организирана работилницата на која се постигна договор за следните активности.