Пребарувај по датум:
2019-08-26

Твининг програма со Норвешки Црвен крст

Од 23 до 26 август во посета на Црвен крст на град Скопје беа нашите пријатели од Телемарк-Норвешки Црвен крст. Согласно заедничкиот план за реализација на твининг програмата за 2019 година, ова беше планирана посета на нивната стручна служба. Целта на средбата беше средба со случната служба на Црвен крст на град Скопје, посета на Дневните центри кои функционираат во Скопје, посета на Мобилните тимови кои се на терен и кои им даваат поддршка на мигрантите, размена на искуства и планирање на следна заедничка активност.

Твининг програмата е започната пред 4 години со поддршка на нашето Национално друштво, а за истата секоја година постои и План на активности со временска рамка.

Веќе следната средна се очекува на крај на месец септември кога нивни 25 волонтери ќе престојуваат со Струга со нашите волонтери и ќе работат на заеднички и значајни теми за двете организации.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.