Пребарувај по датум:
2019-03-04

Твининг програма со Норвешки Црвен крст -Конференција за миграции-

Од 01 до 04 март на гости ни беа нашите пријатели од Телемарк-Норвешки Црвен крст. Согласно заедничкиот план за акција за 2019 година за твининг програма, ова е прва средба во текот на ова година. Истата се искористи за планирање на двата кампа кои оваа година ќе се оддржат во нашата земја. Едниот планиран за во јуни, за подготвеност и дејствување при катастрофи и вториот во септември на кој треба да се презентираат добрите практики за твининг програми кај нас но и во Норвешка.
Во сабота на 02 март беше организирана конференција за миграции на која и гостите но и нашите соработници во земјата имаа можност да ги презентираат своите искустава на ова тема. На конференција учество земаа претставници од УНХЦР, МТСП, ИОМ, ЦРС, МВР-гранична полиција, прифатниот центар за бартатели на азил-Визбегово, Млади правници и други соработници со кои соработувавме во изминатите години. На конференцијата беа презентирани искуствата и ситуации кои беа предизвици за секоја оргнизација, поединечно но и за целиот систем.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.