2022-12-14
Твининг програма
Во рамките на Твининг програмата со Норвешки Црвен крст-Телемарк, се реализираше состанок на кој се направи евалуација на активности за 2022 година како и план на дејствување за 2023 година. Тимот кој престојуваше во Норвешка имаше можност да посети неколку Општински организации и да се сретне со волонтери. На средбите се разменија искуства, добри практики кои придонесуваат за соработката, волонтерските приказни кои секогаш мотивираат и инспирираат. Се посети и пунктот за дистрибуција на облека за Украинските бегалци кои престојуваат во Телемарк со цел да се види системот кој тие го имаат создадено, а прилагоден на потребите на лицата.
Во месец јануари 2023 година, тим на нашите пријатели од Норвешка ќе престојува во Скопје.