Пребарувај по датум:
2017-05-18

ТРКАЛЕЗНИ МАСИ

ТРКАЛЕЗНИ МАСИ

Одржанитри тркалезни маси на тема „Можности и предизивици за вработување на социјално ранливи лица“

На 09, 10, 11 јуни од страна на Црвениот крст на Р. Македонија и Занаетчиска комора на град Скопје организираа три тркалезни маси на локално ниво на тема „Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“.

На тркалезните маси беа презентирани досегашните резултати од проектот и резултатите добиени од спроведеното истражување меѓу корисниците и членовите на нивното потесно семејство, а понатаму беа дискутирани можностите за вработување на социјално ранливите лица како и неопходната поддршка во процесот на обуки и вработување на овие лица.

Посебен акцент беше ставен на предизвиците во обучувањето и вработувањето на оваа категорија граѓани и беа разменети различни искуства како на локално ниво така и на глобално ниво опфаќајќи различни аспекти како што се психолошките бариери, домувањето, семејното насилство и други.

Трите тркалезни маси се реализираа на локално ниво, на подрачјето на општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода, а на истите присуствуваа претставници од МТСП, АВРМ, општините, невладиниот сектор, бизнис секторот и други клучни актери и беа донесени заклучоци и препораки за понатамошно дејствување во ова сфера.

Тркалезните маси се организирани во рамки на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“, финансиран од страна на Европската Унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.