Трета Меѓународна школа за миграции
Црвен крст на град Скопје по трет пат ја организираше летната Меѓународна школа за миграции. Истата започна на 16, а заврши на 20 септември. Присутни беа млади од Р. Србија, Р. БиХ, Р. Албанија, Р. Грција, Р. Хрватска, Руска федерација, Р. Словенија, Шпанија и Р.С. Македонија. На школата се презентираа домашните и меѓународни политики, како и институции и организации кои имаат своја улога во уредување и справување со миграциските текови. Беа присутни преставници од MYLA, UNHCR, МВР, од Факултетот за безбедност, IFRC-регионална канцеларија од Сарево и Министерство за труд и социјална политика. Во рамките на школата беше организирана и трибина на која учество имаше генералниот секретар на ЦКРСМ г. Саит Саити кој даде свое согледување за проблематиката. Беше организирана и симулациска вежба во која се симулираше мигрантска криза и ги стави учесниците во улога на мигранти и бегалци. По завршување, имаше конструктивна рефлексија со цел освестување за предизвиците со кои се соочуваат лицата во движење.
Младите имаа можност да се запознаат со културата на нашата земја преку храната, танцувањата, народните носии, но и преку прошетките во Струга и Охрид. Тие се здобија со корисни информации кои ќе ги користат во работата со мигрантите, бегалците и лицата во движење. Ова е добар пример како може да се придонесе за рушење на стереотипи и намалување на стигмата и дискриминацијата.
Школата е поддржана од страна на ИФРЦ.