Тренинг „ Заштита, недискриминација по однос на пол/род и инклузија со посебен фокус на Трговија со луѓе во контекст на миграции“
Поради ранливоста на мигрантите и долготрајната миграциска криза во последните години, Националните друштва на Црвен крст во Европа ги зголемуваат своите активности за помош и заштита на ранливите мигранти, вклучително и потенцијални жртви на трговија со луѓе и експлоатација. Водени од сето ова, во периодот од 11-14 ноември 2019 година организирана беше работилница во Регионалната канцеларија на МФЦКЦП (IFRC) за Европа во Будимпешта на која присутвуваа две лица од Црвен крст на град Скопје. Оваа обука вклучуваше елементи на заштита на основните човекови права, почитување на еднаквоста и недискриминација, превенција од полово базирано насилство, со акцент на Трговија со луѓе.
Обуката беше со цел да се зајакнат капацитетите на европските национални друштва за препознавање и одговор на ризиците кај мигрантите; намалување на ризикот од трговија со луѓе и препознавање на знаци на Трговија со луѓе.
Сите обучени лица и квалификувани лица, стекнатите знаења ќе ги применат во своето Национално друштво, со можност за добивање поддршка од други НД за темите од интерес, но и прижање поддршка кон други НД кои имаат потреба од ваков тип тренинг.