Tренинг за Тим лидери во катастрофи и итни ситуации
Во периодот од 09-16.09.2019, од страна на одделот за Превенција, Одговор и Опоравување од Катастрофи и Кризни ситуации ( DCPRR – Disaster and Crisis Prevention, Response and Recovery – IFRC ) при Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина и Црвен крст на Финска, Хеинола, се организира тренинг за Тим лидери во катастрофи и итни ситуации. Цели на тренингот беа зајакнување на капацитетите на учесниците како тим лидери, зголемување на соработката и ефективноста на терен на различни тимови преку заеднички тренинг и зголемување на базата со лица со квалитети на тим лидери.
На тренингот беа вклучени и сесии за зајакнување на тим лидерските способности во 5 сегменти кои се препознаени како критични во рамки на МФЦКЦП/ИФРЦ при одговор при катастрофи:
- Клучни капацитети на Црвен крст
- Стратешко лидерство
- Способности за релации и однос
- Оперативен менаџмент
- Специфични системи и сервиси на Црвен крст
На тренингот имаше 25 учесници и 10 тренери. Учесници беа од вкупно 14 држави (Европа, Азија, Африка, Јужна Америка, Америка) од кои од регионов и Балканот само Црвен крст на Република Македонија-Црвен крст на град Скопје со 1 учесник. Меѓу тренерите беа искусни лица од терен кои предводеле бројни кризни ситуации и катастрофи непосредно по случувањето кои своите искуства ги споделуваа со останатите уесници, базирани на искуства.