Традиционална крводарителска акција во Ре-медика
Вработените лица во првата приватна болница Ре- Медика, денес традиционално даруваа крв на акцијата по повод четиринаесетиот роденденот на оваа установа и пресрет на денот на здравјето 7 април. Медицинскиот персонал и техничката служба од оваа болница се дел од големото семејство хуманисти- крводарители, кои веќе девет години организираат крводарителски акции во нивните простории. Оваа акција дел од интегралниот план за крводарителство на Црвен крст, а организатор на истата е Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Гази Баба. Црвениот крст на град Скопје ја иницираше оваа соработка во 2010 година, а Ре- Медика даде активна поддршка на проектните активности на Клуб 25- клуб на млади крводарители и мотиватори во насока на промоција и унапредување на крводарителството кај младата популација.