Традиционална акција на Црвениот крст на град Скопје и Американската амбасада
На 10 Септември, пред Американската амбасада во Скопје, Црвениот крст на град Скопје во соработка со амбасадата ја реализираше четвртата по ред крводарителска и собирна акција.
Во акцијата се вклучија вработените лица во амбасадата, нивни соработници и партнери, политичките субјекти како и претставници на верските заедници ва РМ.
Во текот на акцијата крв даруваа 68 лица. Собрана е и поголема количина на прехрамбени продукти кои ќе бидат наменети за стари и изнемоштени лица од рурални средини по повод годината на активно стареење.
Обраќање до јавноста пред присутните и новинарите кои ја посетија акцијата имаа вршителот на должност амбасадор на САД во Р. Македонија и генералниот секретар на Црвен крст на РМ.
Иницијатор на акцијата беше Американската амбасада со цел одбележување на трагичниот настан од 2001 година и поттикнување на хуманоста и општествената одговорност како кај своите вработени така и кај партнерите и соработниците.