Пребарувај по датум:
2012-12-27

ТОПОЛ НАПИТОК ЗА ПОУБАВИ ПРАЗНИЦИ

ВИТАЛИЈА И ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ СО ПРЕДНОВОГОДИШНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА

По повод новогодишните празници компанијата ВИТАЛИЈА за сите кориснци во домашни услови на проектот: „ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА И ЦЕНТАР ЗА ДАВАЊЕ ПОМОШ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ“ донираше 120 чаеви.
Сите 120 чаеви кои беа донирани беа дадени на корисниците од страна на тимот на 4 медицински сестри.
ВИТАЛИЈА се погрижи овие чаеви да бидат со разлин вкус и од органско потекло. Така имаше со вкус на брусница, зелен чај, планински итн. што придонесе различните потреби на старите лица да бидат задоволени поради различните пробелми со кои секое старо лица се соочува особено во зимските денови.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.