2012-06-13
Топлотни бранови
Црвен крст на град Скопје и оваа година во текот на вчерашниот ден (12 јуни) ги активираше членовите на ТОК ( Тимот за одговор при катастрофи) со цел намалување на штетите и последиците од топлотните бранови.
Една екипа беше присутна на централното градско подрачје и дистрибуираше 134 флаши вода и вршеше поделба на флаери за информирање на граѓаните како да се заштитат од топлотните бранови.
Црвен крст на град Скопје е спремен да одговори на задачите и ќе ги следи препораките за топлотните бранови на територија на град Скопје и ќе дејствува на терен.
Активноста за дистрибуција на вода на случајните минувачи во централното градско подрачје на територијата на град Скопје е во Соработка со Градот Скопје.