Теорија и практични знаења во Црвениот крст-ПХВ во акција
Теорија и практични знаења во Црвениот крст-ПХВ во акција
Во изминатите десетина дена 900 младинци од целата држава добија обука за дисеминација на Црвениот крст, преку моделот за дисеминација за млади во рамките на ПХВ програма. Се запознаа со значењето на амблемот, со принципите на Движењето како и со ликот на хуманистот и основачот на Црвениот крст, Анри Динан.
Следниот чекор, обука како да изработуваат мали проекти и како да и помогнат на својата заедницата. Во просек се изработуваат 150 мали проекти преку кои им се помагаа на околу 3.000 корисници.
Црвен крст во акција
Дисеминација и обука за реализирање на ПХВ проекти поминаа над 1000 младинци во 29 Општини низ цела Македонија. Сите учесниците добија унифицирани и калитетни обуки од страна на дисеминаторите и инструкторите во ЦКА-ПХВ програмата. Учејќи за делото на Анри Динан, целите и мисијата на Црвен Крст, стенувајќи вештини за проценка на терен, избор и пристап до корисници, реализирање и документирање на проекти – младинците се целосно подготвени да влезат на терен и да ги реализираат совите ПХВ проекти. Според проценката на целиот ПХВ тим е дека имаме исклучително мотивирани и активни младинци кои најавуваат успешен ЦКА-ПХВ циклус. Очекувањата се дека и ова година Клубовите на Млади на Општинските Организации ќе регрутираат активни младинци во Црвениот Крст кои ќе продолжат со реализирање на хуманитарни активности во своите заедници.