Театарска претстава
Во рамките на ЦКА ПХВ неделата која традиционално се одбележува од 21 до 27 септември, волонтерите од Kлуб на млади при Црвен крст на град Скопје на 13.11.2016г. (недела) во Драмски театар ја изведоа театарската претстава „Приказна за една идеја“. Преку изведбата волонтерите ја доближија приказната за формирањето на Црвениот крст, принципите, женевските конвенции, со акцент на ликот и делото на нобеловецот Анри Динан. Со огромен ентузијазам и посветеност младите на Црвен крст на град Скопје успеаа да го задржат вниманието на публиката во преполната сала. Претставата е по сценарио и режија на Снежана Конеска Руси која во изминатите три месеци одржуваше редовни проби и подготовки со младите кои беа дел од ова претстава.Програмата ова година е подржана преку Civika Mobilitas.
{gallery}teatar{/gallery}