Светскиот ден на бездомништвото 10 Октомври
По повод светскиот ден на бездомништвото 10 Октомври, во пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје лоциран во Момин Поток, пригодно се одбележи денот со ручек и им бea доделени дополнителни пакети со блузони, кабанаци и хигиенски артикли на бездомните лица. На настанот им беа доделени и благодарници на нашите поддржувачи Пекабеско и LL Ketering кои го поддржуваат работењето на пунктот во делот на обезбедување на храна во изминатиот период.
Пунктот за бездомници функционира повеќе од 10 година и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Во базата на Црвениот крст регистрирани се повеќе од 150 бездомни лица.
Работењето на Пунктот за бездомници финансиски е поддржано од Градот Скопје и повеќе компании и граѓани.