Светскиот ден на Алцхајмеровата болест
По повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест на 21 септември беше ораганизиран настан ,,Алцхајмер матине’’ во организација на Институтот за Алцхајмерова болест и Невронаука на плоштадот Македонија. Деменцијата и Алцхајмерова болест уште се нарекуваат пандемија на 21-от век, а овие активности се од особена важност за подигнување на свесноста кај граѓаните за рана и навремена дијагностика на овој тивок одземач на сеќавањата.
На овој настан Црвениот крст на град Скопје преку делење на информативни флаери ги доближи до граѓаните постоечките сервиси за помош и нега на возрасни граѓани над 65 години, како и услугата за посебен транспорт на возрасни лица и лица со попреченост.
Оваа година, Црвениот крст на град Скопје и Институтот за Алцхајмерова болест и Невронаука склучија меморандум за соработка со цел заедничка поддршка во имплементација на важни активности за лицата кои страдаат од деменција.