Пребарувај по датум:
2018-09-14

Светски ден по Прва помош

Светски ден по Прва помош

По повод Светскиот ден по Прва помош (8 септември) Црвен крст на град Скопје организираше симулациска показна вежба-сообраќајна несреќа.  Вежбата се реализираше на 11 септември 2018 (вторник) во 12:00 часот во централното градско подрачје ( на Рекорд ). Истата се организираше во соработка со МВР – СВР Скопје, а учество земаа сите Општински организации на ниво на град Скопје, стручната служба на Црвен крст на град Скопје, 30 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи како и Мобилни тимови на Црвен крст.  Се симулираше сообраќајна несреќа, во која учествуваа две возила и велосипед и во која 6 лица беа повредени.

Преку Светскиот ден за Прва помош сакаме :

•да ја  подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди ;

•да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да ги препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа;

•лобирање кај надлежните институции за почитување на законската рамка за обуките по прва помош за лица кои сакаат да се стекнат со возачка дозвола;

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.