Пребарувај по датум:
2016-12-22

Светски ден на лица со хендикеп

Во рамките на активностите поддржани од Комерцијална банка и оваа година заедно со лицата кои го посетуваат центарот за церебрална парализа Капиштец го прославивме 03 декември – Светскиот ден на лица со хендикеп. Настанот се организираше во новиот едукативен центар во Зоолошката градина –Скопје, а за одличната забава се погрижија пејачката Дани Димитровска како и учениците од средното музичко училиште Илија Николовски – Луј. Убавата музика и многуте насмевки придонесоа сите присутни меѓу кои и родителите на лицата и деца со аутизам да имаат убав и весел ден.
На 03 декември исто така е и роденден на центарот за лица со церебрална парализа Капиштец и симболично со голема торта прославивме 11 години од неговото постоење,а го прославивме и роденденот на еден од корисниците на центарот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.