СВЕТСКИ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ 20 ЈУНИ
По повод одбележувањето на Светскиот ден на бегалците 20 Јуни, Високиот Комесаријат за бегалци при Обединетите Нации (ОН) – Канцеларија во Скопје (УНХЦР) и Црвен крст на град Скопје во соработка со ООЦК Велес и ООЦК Ѓевгелија на ден 19.06.2015.
Петок, во период од 11:00 – 13:00 часот на главниот плоштад во Гевгелија и пред платото на Драмскиот театар во Велес, одржаа јавен настан во кој активно учество зедоа 19 младинци од заедницата на бегалците во Р. Македонија и 60 волонтери од клубовите на млади од двете општински организации кои преку изведба на Флеш Моб на песната “They don’t care about us” од Мајкл Џексон пренесоа порака до пошироката јавност за промоција на хуманоста на сите граѓани кон мигрантите и азилантите кои транзитираат во нашата земја и кои доаѓаат од земјите од блискиот Исток. Оваа година Светскиот ден на бегалците се одбележа под мотото “ И ЈАС СУМ ЧОВЕК” / “I’M HUMAN BEING”.
Неколку дена пред настанот во Едукативниот центар во Шуто Оризари беше реализирана работилница за изработка на пораки спакувани со бонбончиња од страна на младите од заедницата на бегалците.
На настанот од страна на волонтерите беа дистрибуирани флаери и балони со мотото и пораки поврзани со еднаквоста помеѓу сите луѓе со ставање акцент на мигрантите од Сирија.
На двата настани присуствуваше Шефот на канцеларијата на Високиот Комесаријат за бегалци со седиште во Скопје, Секретарот на Црвен крст на град Скопје со дел од стручната служба, претставници од неколку амбасади во Р. Македонија, претставници од ОН агенциите, Секретарите на ООЦК Велес и ООЦК Гевгелија, Претседателот на ООЦК Гевгелија како и градоначалниците на Велес и Гевгелија кои имаа свое излагање пред медиумите во врска со значењето на овој ден и апел до државните власти за полесно справување со оваа проблематика.