Пребарувај по датум:
2017-08-10

Свечено отварање на проширениот капацитет на Пунктот за бездомници- Момин Поток

По повод ДЕНОТ НА СОЛИДАРНОСТ 26ти ЈУЛИ, Црвен крст на град Скопје свечено го отвори проширениот капацитет на Пунктот за бездомници во Момин Поток.

Пунктот за бездомници функционриа веќе 9та година по ред (од 2008г) и содржи и привремено прифатилиште за бездомници. Во употреба беа пуштени новите капацитети на пунктот т.е. нов станбен контејнер со 16 кревети, тоалет, чајна кујна и туш кабини.

На свеченото отварање присуствуваше Градоначалникот на Град Скопје г-дин.Коце Трајановски и Секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа.Сузана Т.Пауновска. Оваа активност за проширување на Пунктот за бездомници е резултат на донацијата која Град Скопје ја даде како пренамена на средства по откажување на новогодишната прослава на скопскиот плоштад. На настнот беа доделни благодарници за поддршка на хуманата мисија на ЦК на поединци и компании: Зорица Спасов, Стојче Тоциновски, Glaznbauing, Тетекс АД и Иванов Школа за Лидери(ИСЛАА).

Пунктот за бездомници е место кое нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.

Тука, секое бездимно лице има можност да се искапе, старите валкани алишта ги замени со нови чисти алишта,да добие топол оброк и топли напитоци,да добие услуги од бербер/фризер,да го добие потребниот лекарски преглед, совети и лекови од страна на докторот,да му се извадат потребните лични документи со кои полесно ќе може да ги користи правата од системот на социјална заштита, како и да ја добие психосоцијалната поддршка од страна на стручните лица кои ќе придонесат во зголемување на степенот на нивната ресоцијализација и реинтеграција.

Во привременото прифатилиште можат да престојуваат лица кои имаат здравствени и психосоцијални проблеми за кои е неопходно да бидат згрижени до надминување на нивната состојба и во ситуации кога температурите се екстремно ниски со цел да се згрижат и преноќат бездомните лица со што би се избегнало состојбата од премрзнување и смртност кај оваа целна група.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.