Супер е да си млад, кул е да си хуман- кампања за промоција на крводарителството кај младата популација
Со мотото Супер е да си млад, кул е да си хуман, Црвениот крст на град Скопје со вработените од Ремедика и ракометарите на Металург започнуваат со кампања за подигнување на свеста за крводарителството.
Кампањата започна на денот на одбележувањето на осумгодишното постоење на Ремедика кога докторите и медицинскиот персонал, како и претставници на ракометниот клуб Металург со крводарителска акција го означија стартот на кампањата.
Крводарителската акција оваа година беше организирана по трети пат, а интересно е што е иницирана токму од вработените во болницата што е додадена вредност во насока на промоција на крводарителството како хуман чин.
Кампањата ќе биде насочена кон младата популација и нејзино мотивирање за активно да се вклучат како крводарители поттикнати од фактот дека крводарителите кои најчесто даруваат крв се веќе во средовечни години.
И со оваа кампања ја потенцираме нашата заложба дека крвта треба да го чека пациентот, а не тој да чека крв. Никој од нас не знае кога ќе има потреба за единица крв, а можеби нема да имаме време за чекање. Да не дозволиме да се случи тоа, да почнеме да ги менуваме работите од денес.