Пребарувај по датум:
2019-07-16

Студиска посета

Студиска посета

Претставници на Црвен крст на Црна Гора во периодот од 4 до 6 јули престојуваа во студиска посета на нашето Национално друштво а истата се реализира  во рамки на проектот за поддршка на мигрантите поддржан од страна на  Италијански Црвен крст.

Целта на посетата беше презентирање на искуствата од страна на мобилните тимови кои работат за поддршка и помош на мигранти. Гостите имаа можност да ги посетат  двата транзитни центри за мигранти на јужната и северна граница и канцеларијата на Мобилен тим Липково во с. Лојане со кои раководи Црвен крст на град Скопје. Преку посетите тие имаа  прилика и одблиску да се запознаат со начинот и пристапот на тимовите кон ранливите лица во движење.

Ваквите посета придонесуваат за заедничко градење на капацитетите на Црвениот крст и изнаоѓање на соодветен одговор во услови на можен зголемен миграциски бран.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.