2018-09-14
Студиска посета во Нирнберг
Во моментот, делегација од 10 лица од Црвен крст на град Скопје, се наоѓа во Црвен крст Нирнберг, каде што ќе присуствува на еднонеделна обука за напреднати вештини во доменот на нега на стари и немоќни лица. Темите кои ќе се опфатат се во рамки на прва помош, нега на тешко подвижни и неподвижни лица , превенција и нега на декубитус и сл.
Соработката во ЦК Нирнберг ќе продолжи со студиска размена, преку која претставници од ЦК Нирнберг ќе бидат дел од обука за нега на стари и немоќни лица која ќе се одвива во рамки на Црвен крст на град Скопје.