Пребарувај по датум:
2023-05-19

Студиска посета на Баварски Црвен крст – Нирнберг

Како резултат на долгогодишна соработка со ЦК Нирнберг, делегација од Црвен крст на град Скопје оствари студиска посета во периодот од 09 до 13 Мај.

Во рамки на посетата беа разменети искуства во делот на донација на облека и храна, итно копче, превоз со посебни возила, сервисите за нега на стари лица и лица со попреченост.

За време на посетата, членовите на делегацијата имаа можност да помогнат во социјалниот маркет во делот на сортирање и  делење на намирници за лицата во социјален ризик.

Низ текот на годините овие размени придонесоа кон успешен развој на слични програми и во нашата држава.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.