Студиска посета
Претставници на Црвен крст на Црна Гора во периодот од 4 до 6 јули престојуваа во студиска посета на нашето Национално друштво а истата се реализира во рамки на проектот за поддршка на мигрантите поддржан од страна на Италијански Црвен крст.
Целта на посетата беше презентирање на искуствата од страна на мобилните тимови кои работат за поддршка и помош на мигранти. Гостите имаа можност да ги посетат двата транзитни центри за мигранти на јужната и северна граница и канцеларијата на Мобилен тим Липково во с. Лојане со кои раководи Црвен крст на град Скопје. Преку посетите тие имаа прилика и одблиску да се запознаат со начинот и пристапот на тимовите кон ранливите лица во движење.
Ваквите посета придонесуваат за заедничко градење на капацитетите на Црвениот крст и изнаоѓање на соодветен одговор во услови на можен зголемен миграциски бран.