Студен бран 2023 г.
Пунктот во Момин Поток во континуитет 15 години ја дава потребната помош и поддршка на една од најзагрозените категории на лица – бездомниците.
Во периодот од 31 декември 2022 до 12 февруари 2023 година кога Скопје го зафатија нискиte температури, пунктот беше отворен за преноќување секој ден од 20:00 часот навечер до 08:00 часот наутро. Вкупно беа реализирани 50 ноќевања од страна на бездомници кои воедно добиваа и оброк со топол чај.
Беа ангажирани тимови кои 24 часа беа подготвени да реагираат на терен по дојава од страна на граѓани, полиција и слично. На терен беа реализирани 2 интервенции. На лицата кои при теренска интервенција одбија да преноќат во пунктот им беа поделени вреќи, ќебиња, капа, шал, ракавици, топол оброк и топли напитоци.
Од дојавените бездомници детектирани на терен, 2 бездомни лица беа транспортирани од страна на Црвен крст до транзитната соба во прифатниот центар Чичино село.
Работењето на Пунктот е поддржано од страна на Градот Скопје.